Обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство денеска треба да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет”, откако неговото сослушување вчера беше одложено поради рочиштето за предметот „ТНТ”, каде што тој има обврски.
За истиот случај неделава дадоа искази обвинителките Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, а утре на распит е повикана и шефицата на СЈО Катица Јанева.