Астронаутот, инженер и сега диџеј Лука Пармитано за првпат во историјата пушташе музика од вселената. Астронаутот на Европската вселенска агенција (ЕСА) ја постави својата миксета во Меѓународната вселенска станица (ИСС), каде престојува од 21 јули. Овој необичен потег го направи Пармитано прв вселенски диџеј, објави „Јуроњуз“.
Програмата на Лука траеше дваесетина минути и беше емитувана на шпанскиот остров Ибица. Тој ја отвори ноќната програма на настанот на кој учествуваа околу 3 илјади луѓе.
LIVE from Space with Luca Parmitano
A small step for a DJ, but a great one for the world!We made history tonight, sending the very first DJ to space to drop some amazing beats from the great unknown! Astronaut Luca Parmitano played the first DJ live set in Space, proving that love for music has no limits. Witness this EPIC moment and enjoy the views!#WCDCruiseEdition #BigCityBeats
Posted by WORLD CLUB DOME on Вторник, 13 август 2019
Иако Пармитано стана првиот диџеј од вселената, музиката не е новост за ИСС. Астронаутите во вселената често слушаат муизка која ги потсеќа на дома, а некои како Лука, дури и создаваат музика. На ИСС во моментов има две гитари, клавијатура и саксофон.
Канадскиот астронаут Крис Хадфилд се прослави со изведба на песна на легендарниот Дејвид Боуви од Меѓународната вселенска станица во 2013 година.