Фото: Маја Јаневска-Илиева

Премиерот Зоран Заев, се огласи на својот профил на Фејсбук по објавувањето на снимките поврзани со случајот „Рекет“ на сајтот на италијанскиот весник „Ла Верита“.

Тој во кус коментар, порача дека случајот треба да биде расветлен.

– Истрагата мора да ги открие сите детали. Секој да одговара за своите постапки. Граѓаните заслужија правда! – напиша Заев на социјалната мрежа Фејсбук.

Истрагата мора да ги открие сите детали. Секој да одговара за своите постапки. Граѓаните заслужија правда!

Posted by Zoran Zaev on Петок, 09 август 2019