Деветгодишно дете синоќа во Скопје било каснато од куче, при што добило видливи повреди на десната подлактица.
Според полицијата, синоќа Г.Д. (41) пријавила дека околу 19 часот на улицата Франц Лист од расно куче во пределот на десната подлактица бил каснат нејзиниот деветгодишен син, при што му биле нанесени видливи повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.