До Советот на јавни обвинители нема доставена оставка во писмена форма од специјалната обвинителка Катица Јанева, вели претседателот на Советот, Коле Штерјев, објави „Слободен печат“.
Штерјев истакна дека Советот не може да ја констатира оставката единствно врз основа на усната изјава на Јанева. Тие треба да ја имаат оставката во писмена форма.
Од СЈО за „Слободен печат“ било потврдено дека Јанева не доставила писмена оставка до Советот на јавни обвинители.
Катица Јанева на 15 јули објави дека поднела оставка од функцијата и сѐ до 23 јули не беше достапна за јавноста.
Во меѓувреме, на Јанева ѝ беа одземени двата телефона, но не се откриваат детали од нивното вештачење.