Лани овој период биле пријавени 52 неправилности за даночни обврзници кои не издаваат фискални сметки, а годинава пријавените неправилности се драстично зголемени, односно граѓаните си ги бараат фискалните сметки сакајќи да си го остварат своето право на поврат на ДДВ, изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Таа информира дека од 1 јули, кога се воведе мерката за поврат на ДДВ, до 24 јули околу 135 илјади граѓани ја користат апликацијата „Мој ДДB“. Бројот на скенирани фискални сметки изнесува 5,4 милиони и остварен е вкупен промет од 2 милијарди 768 милиони денари од кои што ДДВ–то е 298 милиони денари, а тоа значи дека 15 отсто претставува 44,8 милиони денари што ќе одат во џебот на граѓаните.
Лукаревска посочи дека е забележано намалување на сторнирањето на сметките од страна на даночните обврзници затоа што сега граѓаните си ги бараат сметките да ги скенираат. Воедно ги повика сите правни лица да ги сервисираат своите фискални каси на што се и законски обврзани.
Со мерката „Мој ДДВ“ граѓаните имаат можност со секоја фискална сметка до 30.000 денари да остварат поврат на 15% од платениот ДДВ.