Гостиварското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против жена поради сомнение дека сторила кривично дело обид за убиство.
Настанот се случил на 2 јули во угостителски објект во полошкото село Неготино.
Осомничената, вработена во угостителскиот објект, пред да го изврши делото била вознемирувана од страна на нејзин колега. Откако и по нејзините повици да престане, мажот продолжил со дејствијата, таа се упатила кон шанкот, зела нож и му нанела убодни рани во пределот на стомакот.
На осомничената судот ѝ определи притвор во траење од 30 дена.