Лидерите на ЕУ се собраа денеска, трет ден по ред, во Брисел да продолжат со преговорите за назначување на водечките позиции на институциите на ЕУ, а почетокот на Европскиот совет првично најавен во 11 часот, според најновите информации, ќе доцни два часа.
– Почетокот на Европскиот совет почнува во 13 часот. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, продолжува да се консултира – напиша на Твитер портпаролот на Туск, Пребен Аман.
Европските пратеници на десничарските партии, кои го поддржуваат брегзит, како и независноста на Каталонија, го попречуваа денешното официјално отворање на седницата на Европскиот парламент.
Некои не сакаа да станат на химната на ЕУ, бетовеновата „Ода на радоста”, додека други, главно од британската брегзит-партија, се свртеа со грб за време на церемонијата на отворањето, објави „АП“.