Дваесетгодишно лице од Скопје, со автомобилот вчера прегазил малолетно девојче на крстосницата од булеварот Јане Сандански и улица 23 Октомври.
Од МВР велат дека девојчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.