Рускиот претседател, Владимир Путин, го покани американскиот колега Доналд Трамп на прославата на Денот на победата на 9 мај во Москва в година, а официјалната покана ќе биде испратена до американскиот претседател во наредните денови, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков рече дека Трамп, кој денеска се сретнал со Путин на самитот на Г20 во Осака, Јапонија, позитивно одговорил на поканата да присуствува на прославата за победата во големата патриотска војна и одбележувањето на 75-годишнината од завршувањето на Втората светска војна и истакна дека неговиот официјален повик „се разбира, ќе биде испратен веќе во следните неколку дена“.
Песков исто така изјави дека денешната средба меѓу Путин и Трамп била интензивна, дека разговарале за контрола на оружјето, ситуацијата во Сирија, врските со Кина и факторите што ја ограничуваат трговијата меѓу Русија и САД.