Англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед е подготвен да ја зголеми платата на шпанскиот голман, Давид де Хеа и со него да потпише нов договор, пишуваат медиумите на Островот.
Шпанецот на „Олд Трафорд“ стигна пред осум години, а Јунајтед од сегашните 200.000 е подготвен да му ја покачи неделната плата на голманот на 350.000 фунти.
Во клубот се уверени дека договорот ќе биде постигнат и дека Де Хеа ќе потпише нов четиригодишен договор.