Италијанката Џузепина Робуки, која, според наводите на властите беше најстарата личност во Европа и втора најстара во светот, почина денес на 116-годишна возраст.
Робуки живееше во населбата Поџо Империјале, на југот на Италија, место каде што и била родена на 20 март 1903 година, пренесува италијанската агенција АНСА.
Роберт Јунг од Геронтолошката истражувачка група, чие седиште е во САД, рече дека Робуки е последната личност родена во Европа во 1903 година, објави АП.
Таа беше само два месеца помлада од најстарата личност во светот, Кане Танака од Јапонија, која е родена на 2 јануари 1903 година.
Робуки има пет деца, девет внуци и 16 правнуци. На листата со луѓе што живееле најдолго, Робуки беше на 17-то место.