Пакистанските здравствени служби објавија црвен аларм во градот Карачи во јужниот дел на земјата, каде вчера температурата достигна 44 степени Целзиусови.
Властите во Карачи наредиле болниците, центрите за детско здравје и клиниките да бидат во состојба на зголемена готовност и да очекуваат можни пациенти.
Карачи во јуни 2015 година го зафати топлотен бран во кој загинаа околу 2.000 лица.
Поради високите температури на локалните жители им се препорачува да седат дома, да пијат што е можно повеќе течности и да не се изложуваат на директна сончева светлина.