Поранешниот министер за внатрешни работи на Албанија, Саимир Тахири, го врати пратеничкиот мандат. Тој последните месеци беше на нишан на сериозни напади поради сомневања за вклученост во трговија со дрога. Тахири, кој доаѓа од владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама, рече дека пред органите на правдата ќе биде обичен граѓанин и нема да се крие зад функцијата. Но од опозицијата коментираа дека враќањето на мандатот на Тахири е доказ за извршениот криминал.
– Трпев шест месеци, но ќе трпам колку што е потребно за мојата вистина да излезе на виделина, бидејќи јас не сум како оние што владееја 25 години. Одлучив да докажам дека јас не сум како тие што доаѓаат во парламентот да се пазарат за да се спасат. Јас од денеска го враќам мојот пратенички мандат. Сè до откривањето на целата вистина јас нема да бидам пратеник, туку обичен граѓанин – изјави Саимир Тахири, поранешен министер за внатрешни работи на Албанија Сали Бериша, претседателот на ДП, рече дека ова на некој начин е победа на сите Албанци и на опозицијата, која е носител на знамето за декриминализација на парламентот и на општеството.
– Едвин Кристаќ Рама, кој по секоја цена се обидува да се спаси, иако е извалкан, не сфаќа дека светот не ја бараше главата на Сајмир Тахири, туку од четири страни се бара оставка од Еди Рама. Еди Рама е генератор на најцрните рекорди на Албанија – рече Бериша.