Првиот човек на Иранската новинска агенција ИРНА, Зија Хашеми, на негово барање, денеска ја посети нашата редакција, каде што се сретна со главниот и одговорен уредник Александар Димковски. Хашеми беше придружуван од иранскиот амбасадор во земјава, Хосеин Карими, а за време на посетата се запозна со работата на првииот весник на македонски јазик.
Беа разгледани можностите за соработка во иднина на полето на информирањето во двете земји, а гостинот од Иран изрази задоволство од средбата и посака оваа средба да биде почеток на една убава соработка во иднината.