Властите во американската држава Алабама усвоија закон со кој се бара хемиска кастрација на сексуалните престапници кои злоупотребувале деца на возраст под 13 години.
Овој закон има за цел оваа мерка да ја направи услов за помилување, што значи дека сексуалните престапници ќе бидат подложени на хемиска кастрација пред да излезат од затвор.
Хемиска кастрација е форма на хормонска терапија со што се намалува количината на тестостерон во машкото тело со цел да се намалат сексуалните нагони.
Законот и претходно беше предложен, но сега за прв пат беше усвоен и во двата дома на Парламентот на оваа федералнаа држава, и само се чека да биде потпишан од гувернерот Кеј Ајви.