Судот во Ирак осуди двајца Французи на смрт, откако заклучи дека биле припадници на Исламска држава, изјави ирачки обвинител за „Ројтерс“.
– Имаше доволно докази за изрекувањето на смртната пресуда. Двајцата се борци на терористичката Исламска држава – вели обвинителот кој не сакал да биде именуван.
Во Ирак се водат постапки против илјада лица осомничени за припадност во ИД, вклучувајќи и стотина странци.