МЗТ Скопје во СЦ „Јане Сандански“ го совлада Работнички со 80:76 во претпоследното, деветто коло од Супер лигата. За тимот од Аеродром ова е прва прволигашка победа над вечниот ривал сезонава.
Работнички добро го започна натпреварот, но МЗТ брзо се врати во игра и првата четвртина ја заврши во своја корист 24-22.
„Штрковите“ во втората четвртина преземаа иницијатива, но Работнички не дозволи резултатско одлепување и на пазуата домаќините заминаа со само четири поени предност 47-43.
И во третата четвртина МЗТ го диктираше резултатот, но потоа и двата тима направија низа грешки во нападот. Работнички израмни на 54-54, но домаќините успеаа да ја зачуваат предноста од 60-57.
Последната четвртина беше најнеизвесна бидејќи прво поведе Работнички, но потоа МЗТ направи серија, го презеде водството и на крајот славеше со 80:76.
Џордон Крафорд со 16 поени беше најефикасен кај МЗТ, додека кај Работнички убедливо најпрецизен беше Чавдар Костов со 27 поени.
Работнички останува лидер на табелата со само два порази, а МЗТ обезбеди предност од една победа пред Блокотехна во пресрет на последното коло, во кое и да загубат остануваат втори.