Поранешниот белгиски крал, Алберт Втори, по повеќемесечното противење, синоќа достави примерок за ДНК анализа, за да се докаже дали е биолошки татко на Делфин Боел, пренесува Дојче веле.
Судот пред шест месеци нареди ДНК-тестирање, но кралот го одби ова барање и поради тоа судијата се закани дека ќе биде парично казнет во висина од 5.000 евра на ден се додека не прифати да подлежи на ДНК-тест.
Според неговите адвокати, тој потклекнал на притисокот со цел да одбегне да ја плаќа оваа казна.
Алберт Втори доставил примерок од плунка кој ќе се спореди со ДНК-та на Боел и на нејзината мајка, но резултатот ќе остане затаен додека не заврши правниот процес, кој може да се оддолжи и до една година.