Најмалку 11 лица загинаа во пукање во бар во Белем, на северот од Бразил, каде што вооружени напаѓачи стрелале во гостите и побегнале. Покрај загинатите, едно лице е повредено.
Во пукањето убиени се шест жени и петмина мажи. Локалните власти потврдија дека се случил масакр, но не изнеле никакви дополнителни детали, пишува „Тајм“.
Како што пренесе сајтот Г1, во нападот учествувале седум лица, кој пристигнале во барот со три автомобили и еден мотор.
Во барот во тој момент се одвивала прослава, а напаѓачите избегале веднаш по пукањето.
Бројот на престрелки и убиства се зголеми во последниве години, особено на периферијата на големите градови во Бразил, каде што има добро развиени канали за шверц на дрога.