Светски познатата компанија произведувач на гитарите Гибсон поднесе барање за стечај заради реорганизација на работниот модел, со новите сопственици.
Гибсон, фабрика од Нешвил позната по своите легендарни модели „Лес Пол“ и „СГ“, има 500 милиони долари долг, а за тоа, според нив, е одговорна аквизицијата на произведувачите на електронска опрема од другата страна на океанот, чија продажба е во голем пад.
Фирмата во барањето до Судот на сојузната држава Делавер наведува како ќе се решат проблемите со прекуокеанската работа и консолидирањето на производството на гитари и аудио опрема.
Годишно, компанијата произведува над 170.000 гитари во повеќе од 80 држави.