Вардар на последниот европски натпревар во Скопје повторно прикажа незаборавна игра, совладувајќи го Пик Сегед со убедливи 31-23.
Фантастичната атмосфера што навивачите ја создадоа како последен поздрав до избраниците на Парондо беше надополнета со беспрекорното издание на ракометарите на терен, за бескрајна радост.
Натпреварот почна со израмнета игра, во која Пик Сегед неколку пати имаше минимално водство. Унгарците влегоа во серија на грешки, а предноста на „црвено-црните“ се зголемуваше во секоја наредна минута благодарение на одличниот Милосављев.
Вардар продолжи да доминира и на крајот заслужено славеше со конечен резултат од 31-23.
Карачиќ беше прв играч на овој натпревар со осум гола, исто толку постигна и Криштопанс, а шест Скубе, додека Милосављев имаше десет интервенции.
Реваншот меѓу Пик Сегед и Вардар следува на 5 мај.