Триесет и седум Саудијци беа егзекутирани во Саудиска Арабија, откако беа осудени за тероризам, објави саудиското министерство за внатрешни работи.
Егзекуциите биле извршени во пет покраини: во главниот град Ријад и светите градови Мека и Медина, сунитскиoт регион Ал-Касим и источната провинција во коja e концентрирано шиитското малцинство, соопшти министерството.
Овие луѓе биле прогласени за виновни бидејќи прифатиле екстремистичко терористичко размислување и основале терористички ќелии, додава министерството во соопштението кое го објави официјалната агенција СПА.
Во Саудиска Арабија, смртнатата казна се врши со обезглавување, а министерството прецизирало дека еден од погубените подоцна бил распнат, бидејќи така се постапува со осудените со посебно тешки злодела.
Претходно, масовни егзекуции во Саудиска Арабија се забележани во јануари 2016 кога беа ликвидирани 47 лица исто така обвинети за тероризам, меѓу кои и шиитскиот свештеник Нимр Бакер ал-Нимр, што предизвика тензии и прекинување на дипломатските односи меѓу Ријад и Техеран.