Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја стопира работата на федералната Влада во септември доколку Конгресот не обезбеди повеќе финансиски средства за изградба на ѕидот на границата со Мексико.
– Градбата на ѕидот почна, имаме 1,6 милијарди долари. Тоа прашање повторно ќе го разгледаме на 28 септември и ако не ја обезбедиме безбедноста на границата, нема да имаме избор – рече Трамп на собирот во Мичиген.
Трамп во март упати слични закани залагајќи се за измени на Законот за миграција за кој вели дека ќе го спречи влезот на криминалците во земјата.
Во јануари, Владата на кратко ја прекина работата поради миграцијата.