На неодамнешниот меѓународен пливачки митинг што се одржа во Белград, Србија, младите надежи на ПК Вардар 2018 имаа успешен настап и се вратија со голем број медали.
Кирил Ангелковиќ беше прогласен за најуспешен пливач во категорија 2008 година.
Неговиот другар од клубот Симон Поповски ги освои третото место на 100 метри градно и второто место на 200 метри градно во категоријата 2005-2006 г., а Горазд Станковски беше втор во трката 50 метри слободно и трет на 100 метри слободно.
Второ место освои и Никола Ѓуретановиќ во трката на 100 метри слободно, како и онаа на 200 метри грбно, а прво место му донесе патеката 200 метри мешано со време 2:56,80 во категоријата 2007 г.
Кирил Ангелковиќ беше втор на 100 метри слободно, а освои прво место на 400 метри слободно, како и второ место на 200 метри мешано во категоријата 2008 г.
Второнаграден е и Петар Цеков во трката 200 метри слободно, како и второ место на 400 метри слободно и 100 метри градно во категоријата 2008 г.
Марин Ташевски Марин беше прв на 50 метри грбно со време 37,00, како и на 100 метри грбно со време 1:21,97 во категоријата 2008 г.
Андреј Калкус трката 50 метри делфин ја заврши трет во категоријата 2009 г.