Унгарскиот производител на вина „Ројал Токај“, во Токајската Област, е најпознат по своите десертни вина. Едно шише кај нив чини 40.000 долари, а целта е оживување на традицијата – тоа да биде консумирано од кралевите и енолозите.
Во оваа вулканска област во североисточна Унгарија виното „Токај Асу“ се прави со помош на посебна мувла и габички, што служат за концентрација на шеќер. Виното е познато токму по богатиот вкус и комплексноста.
Францускиот крал Луј Четиринаесетти го опишал ова вино како „вино на кралевите и кралот на вината”.
Вредноста на виното само се зголемува со неговата старост.