Во среда, 24.4.2019 г. во 20 часот, Националната опера и балет ќе ја прикаже балетската претстава „Шехерезада“. Музиката за ова популарно дело е на рускиот композитор, Николај Римски Корсаков. Кореографијата за нашата „Шехерезада“ е на познатиот кореограф од Москва, Михаил Крапивин. Сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија.

Опишана како мистична, елегантна и егзотична, балетска приказна која е работена по мотивите на приказните од „Илјада и една ноќ“ ќе ни ја раскажат балетските првенци Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија), балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска.

Билетите се во продажба на билетарницата на Националната опера и балет и онлајн на
www.mob.mk