Министерот на српската полиција Небојша Стефановиќ упати предупредување до косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека ќе биде уапсен доколку тој оди во посета на општините на југот од Србија во кои живее мнозинство албанско население.
– Сѐ уште е во сила потерницата по него што е издадена од нашите судови и секако ќе биде уапсен ако ѝ биде достапен на полицијата – рече Стефановиќ за дневниот весник „Курир“.
Претходно Харадинај изјави дека е подготвен да ги посети Прешево и Медвеѓа по покана на локалните власти и додаде дека тој не би се движел илегално, туку со дозвола на српските власти.
Република Србија го обвинува Харадинај за воени злосторства во текот на оружениот судир на Косово во 1998 и 1999 година. Франција, која се повика на потерницата на Србија од 4 јануари 2017 година, го уапси Харадинај, но Апелацискиот суд во францускиот град Колмар ја одби минатата година по барањето за испорачување на Харадинај.
Потерниците за Харадинај и за претседателот на Косово, Хашим Тачи, кои ги распишаа властите на Србија, повеќе не се на страницата на Интерпол, а министерот Стефановиќ вели дека тие се во базата на Интерпол, но дека не се видливи, објави Б92.