Американскиот претседател Доналд Трамп го менува директорот на американската тајна служба Рандолф „Текс“ Алес, јавува Си-ен-ен.
Како што информираат медиуми, Алес бил замолен да ја напушти својата позиција.
Директор на тајната служба директно и одговараше на министерката за внатрешна безбедност Кирстен Нилсен, која поднесе оставка во неделата.
-Во втората најголема национална агенција за безбедност, се случува систематско чистење- изјави неименуван висок официјален претставник за Си-ен-ен.
Белата куќа во април 2017 година го постави пензионираниот генерал-мајорот маринецот Рандолф Алес за нов директор на Тајната служба на САД.
Алес беше во маринците 35 години, а беше и заменик комесар на граничната и царинската заштита