Групните јога-вежби со еднa од кандидатите и патетичните говори на партиските активистки, кои се нудат за посвојување, упатени од настаните што ги модерира вториот кандидат за шеф на државата, како и невештите обиди за користењето на симболиката, нумерологијата и слични дисциплини за креирање на политичките памфлети, многумина натераа да се запрашаат: А чуму впрочем ни се изборите? Веќе и самото инсистирање на кандидатите да се нарекуваат натпартиски, додека постојано се опкружени со препознатливи партиски ликови, ги доведува во прашање нивната искреност, интегритет, сериозност, веродостојност и добрите намери. Тоа е така уште повеќе бидејќи сите настапи на кандидатите пред официјалниот почеток на кампањата беа прикажувани како партиски активности. Додека тие, нели, се натпартиски
Поради недостигот од идеи, програми и визии што водат кон подем и успех, во земјата на сѐ посиромашните граѓани и на сѐ побогатиот спектар на разни видови измама и корупција, почетокот на кампањата за претседателски избори, кај дел од јавноста ги разбуди најниските страсти, ги запени емоциите и им го помати умот до најниското нивото на инфантилност. Кај остатокот предизвика силни грчеви во желудникот и нагон за блуење.
Групните јога-вежби со еднa од кандидатите и патетичните говори на партиските активистки, кои се нудат за посвојување, упатени од настаните што ги модерира вториот кандидат за шеф на државата, како и невештите обиди за користењето на симболиката, нумерологијата и слични дисциплини за креирање на политичките памфлети, многумина натераа да се запрашаат: А чуму впрочем ни се изборите?
Веќе и самото инсистирање на кандидатите да се нарекуваат натпартиски, додека постојано се опкружени со препознатливи партиски ликови, ги доведува во прашање нивната искреност, интегритет, сериозност, веродостојност и добрите намери. Тоа е така уште повеќе бидејќи сите настапи на кандидатите пред официјалниот почеток на кампањата беа прикажувани како партиски активности. Додека тие, нели, се натпартиски. А кога сме кај предвременото започнување на кампањите, мора да се спомене и дека неукажувањето на очигледното прекршување на изборните правила од страна на надлежните тела веќе ја покажа сета несериозност во пристапот кон изборите од чија регуларност и коректност, како што веќе повеќепати е потенцирано, ќе зависи понатамошната динамика на евроатлантските интеграции.
Но искуството кажува дека секојпат кога ќе помислиме дека сме го допреле дното, излегува оти сме можеле и подолу, така што судејќи по почетокот на официјалниот дел од кампањата, не смеам ни да помислам што сѐ уште нѐ очекува. Колку уште раширени партиски меѓуножја и стеснети умови на подржувач(к)ите ќе видиме. Барем нешто од тоа првоаприлска шега да беше, полесно ќе го преживеавме. Но, за жал, тоа е, и ќе продолжи да биде, тажната реалност на македонската политика.
Повеќето големи умови разминувајќи се и судирајќи се низ историјата со своите тези, во едно беа согласни – на лидерот, пред сѐ, му е потребна харизма, специфична препознатливост, чие однесување на целиот државен апарат ќе му служи како образец, кој ќе го турка напред, мотивира и иновира, со што автоматски ќе развива доверба и ќе буди надеж кај граѓаните и со своите настапи низ светот ќе поттикнува позитивни чувства и асоцијации јакнејќи го имиџот на сопствената земја… Претседателските избори, доколку успеат, би можеле да расчистат некои од, на моменти, мошне зачадените делови на политичката сцена, но далеку од тоа дека ќе резултираат со она што го сакаат граѓаните – она што вообичаено не го наоѓаат во Владата и што кај неа најмногу им пречи. Во меѓувреме, дефицитот на харизматичната компонента кај кандидатите за шеф на државата, ќе го пополнуваат политичките партии, нивните лидери, пиар-службите и медиумите
Сосема поинаку ќе беше ако политичките партии исфрлија барем еден кандидат, кој освен претензии да седне во расклатената, но сѐ уште доволно комфорна фотелја на претседател на државата, ќе имаше и амбиции да стане вистински водач, лидер, симбол на државата, токму во времето кога кај дел од јавноста постои голем страв од девалвирање на државните симболи и обележја. А што е тоа што го карактеризира лидерот, што претседателот на државата го претвора во нејзиниот симбол. Повеќето големи умови разминувајќи се и судирајќи се низ историјата со своите тези, во едно беа согласни – на лидерот, пред сѐ, му е потребна харизма, специфична препознатливост, чие однесување на целиот државен апарат ќе му служи како образец, кој ќе го турка напред, мотивира и иновира, со што автоматски ќе развива доверба и ќе буди надеж кај граѓаните и со своите настапи низ светот ќе поттикнува позитивни чувства и асоцијации јакнејќи го имиџот на сопствената земја…
Претседателските избори, доколку успеат, би можеле да расчистат некои од, на моменти, мошне зачадените делови на политичката сцена, но далеку од тоа дека ќе резултираат со она што го сакаат граѓаните – она што вообичаено не го наоѓаат во Владата и што кај неа најмногу им пречи. Во меѓувреме, дефицитот на харизматичната компонента кај кандидатите за шеф на државата, ќе го пополнуваат политичките партии, нивните лидери, пиар-службите и медиумите што впрочем и нема да претставува некаква новина во земјата во која има и премногу маркетинг, а премалку квалитетни производи, барем во областа на политиката.