Земјите членки на Северноатлантската алијанса денеска одлучија да го продолжат мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг до 30 септември 2022 година.
Сојузниците ја изразиле нивната поддршка за работата на генералниот секретар за „прилагодување и модернизација“ на Алијансата, стои во соопштението на НАТО.
Столтенберг им се заблагодари на земјите членки за ваквата одлука преку Твитер.
Јенс Столтенберг е тринаесеттиот генерален секретар на Алијансата од 1952 година. Пред тоа тој беше премиер на Норвешка и лидер на норвешката Лабуристичка партија во неговата земја. Тој е син на поранешниот министер за надворешни работи на Норвешка и поранешен амбасадор на оваа земја во Југославија во раните 60-ти години на минатиот век, Торвалд Столтенберг.