Дел од Општина Центар утре од девет часот нема да има вода поради отстранување дефект на водоводна мрежа на улицата „Козара“.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација, без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците „Козара“, „Киро Гавриловски“ и „Адам Мицкиевиќ“, како и објектите на Агенција за вработување и Заводот за физикална рехабилитација.
Прекинот ќе трае до санирање на дефектот.