Најџел Фараж, еден од најголемите заговорници за брегзит, изрази уверување дека излезот на Британија на Европската унија може да биде одложен за една година.

По гласањето во британскиот Парламент, кој го отфрли договорот што го постигна премиерката Тереза Мај со ЕУ, тој рече дека политичкиот хаос во Велика Британија и претстојните парламентарни избори во ЕУ го спречуваат брзото излеување.

– Да бидеме реални, ќе добиеме нов Европски парламент. Не гледам дека новата фаза во преговорите за брегзит би можела да почне пред ноември. Затоа би рекол дека процесот за излез мора да биде одложен за една година- рече Фараж.