Засега непознати сторители одзеле околу 2.000 денари од црквата „Свети Атанасиј“ во тетовското село Радиовце, информира СВР Тетово.
Според полицијата, кражбата е пријавена вчера од страна на Т.М.(67) од Радиовце.
Т.М. навел дека непознатите сторители ноќта помеѓу среда и четврток насилно ја отвориле влезната маса од црквата и од масата за свеќи и иконите одзеле околу 2.000 денари во разни апоени. Полицијата извршила увид и работи на откривање на сторителите.