Во присуство на околу 800 гости, во преполнетата сала на ресторанот “Вавилон” во Битола беа прогласени најуспешните битолчани за 2018 година, според изборот на неделникот Битолски весник.
Најголемото признание, наградата Гран При, му припадна на познатиот битолски авдокат со светска кариера, кој со децении живее и работи во Белград, Тома Фила.
Признанието за животно дело го доби Виолета Томовска, а наградата за трајни вредности и беше доделено на актерката во пензија Јоана Поповска.
Посебна награда доби познатиот актер од Битола, Петар Милошевски, кој живее и работи во Лондон, Велика Британија.
Признанието за општествена одговорност и беше доделена на шведската невладина организација “ Од рака до рака”.
Познатата битолска интерпретаторка Биљана Дамјановска-Јанчевска го доби признанието “ Ајри Демировски” кое неколку години го доделува Битолски весник.
Признанието за најдобар новинар во 2018 година на Битола го доби дописничката на ТВ Сител од Битола, Маја Богоевска, а од спортот за спортски работник на годината беше прогласен кунг-фу мајсторот Златко Неделковски.
Од областа на стопанството признание доби германската компанија “Кромберг и Шуберт”, која вработува 6.600 работници.
Инаку според сите присусти во салата тоа беше најдобро организираната манифестација на најуспешни битолчани досега.
И покрај директниот телевизиски пренос на ТВ “Тера” цели 10 дена пред нејзиното одржување, мени-картите, по цена од 1.200 денари беа продадени и се бараше влезница повеќе. В. Мл.