Пред неколку дена во битолското село Кукуречани врз С.К., лице со тешка интелектуална попреченост, била извршена обљуба од П.К., исто така лице со тешка интелектуална попреченост. Делото било снимено со мобилен телефон од страна на други лица.
Случајот во полиција вчера го пријавил З.К (44) од село Кукуречани, татко на С.К.
– Веднаш се преземени соодветни мерки и од слобода е лишен А.Т. (19) од село Габалавци, кој е задржан во СВР Битола и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.
Полицијата презема дополнителни мерки во врска со случајот.