Филмот „Јавачи на коњи“ во режија на Марјан Гавриловски доби награда за најдобар филм на интернационалниот филмскиот фестивал „Јала“ во Непал. Станува збор за независен филм – социјална драма, во кој главните улоги ги играат Бобан Кулески, Никола Кузелов и Долорес Поповиќ. Филмот е снимен во Скопје во 2016 година според сценарио на Никола Кузелов.
Одлуката на жирито била едногласна и со оцена дека филмот е „интимен портрет на изгубените генерации од постконфликтна Југославија“.
Ова е втора награда за „Јавачи на коњи“, кој претходно доби награда за најдобар филм и на „Фам фест интернешнл фестивал 2018“ во Северна Каролина, САД. Филмот досега има учествувано на голем број фестивали во Шпанија, Шведска, Италија, Јужна Африка, Швајцарија, Полска, Чешка, Романија и во Бугарија.