Жиријата составени од истакнати писатели, литературни критичари и есеисти ги донесоа одлуките за добитници на традиционалните награди на Друштвото на писатели на Македонија за книжевната продукција во 2018 година. Доделувањето на наградите ќе се одржи на свеченоста планирана за 13 февруари.

Добитник на наградата „Стале Попов“ е романот „Маџун“ на Влада Урошевиќ, Виолета Танчева-Златева ја добива наградата „Ацо Шопов“ за поетската збирка „Патот“, за критичко-есеистичката книга „Мозаик од гласови“, Лидија Капушевска-Дракулевска ја добива наградата „Димитар Митрев“, наградата „Ванчо Николески“ оди во рацете на Трајче Кацаров за краткиот роман за деца „Не паркирај гаража“ и наградата „Мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите во Македонија ја добива Рифат Емин за поетската збирка „Без-конечно“ на турски јазик.

Во конкуренција за петте награди на конкурсот распишан во текот на декември, минатата година беа поднесени вкупно 61 книжевно дело.