Полициски службеници во СВР Битола кај 16 возачи откриле присуство на алкохол и ги исклучиле од сообраќај, при контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло и алкохол, извршена изминатиот викенд во сите полициски станици. Биле контролирани 1155 возачи и возила.

При контролата откриено е дека 13 возила се технички неисправни и се испратени на технички преглед, 24 возачи управувале без возачка дозвола, а кај 84 други возачи откриено е дека управувале возила со поголема максимална брзина од дозволената. За неправилно паркирање издадени се 25 мандатни налози, а писмено опоменати се 20 возачи.

На 42 возачи, потенцираат од СВР Битола, изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 25 прекршочни налози. Исто така при контролата биле откриени и други 56 видови останати прекршоци, а биле издадени вкупно 152 мандатни платни налози и 63 платни налози.

Инаку, на територијата на СВР Битола викендот се случиле четири сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со телесни повреди.

Кa.М.