Министрите за надворешни работи на Г-7 денеска во Торонто ќе разговараат за интензивирање на притисокот врз Русија, иако нема да стане збор за нови санкции против Москва.
На дводневната конференција ќе се разговара за ситуацијата на Корејскиот полуостров, Сирија, Блискиот Исток и Венецуела, како и за подготовките за самитот на лидерите на Г-7 во Канада на почетокот на јуни. Групата ја сочинуваат: САД, Велика Британија, Канада, Германија, Франција, Италија и Јапонија.
Овие земји се особено загрижени за начинот на кој Русија делува во некои кризни региони, а особено поради нападот со нервен агенс на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија.