Веста дека потрагата по Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон е прекината, што според многумина значи дека фудбалскиот свет ја прифати веста за трагичниот крај на двајцата, информира МИА.
Од Премиер лигата објавија дека натпреварите од шампионатот следната недела ќе започнат со минута молчење.
– Премиер лигата изразува жалење за веста дека активната потрага на Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон е прекината. Нашите мисли се со двајцата мажи и нивните блиски. Ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите пријатели од фудбалскиот клуб Кардиф во овој многу тажен момент. Во знак на почит, ќе има едноминутно молчење за Емилијано и Дејвид на сите натпревари од Премиер лигата следната недела – објавија од Лигата на Твитер.
Фудбалскиот клуб Кардиф исто така објави соопштение во кое информира за лошите вести од потрагата и од таму изразија сочувство до блиските на фудбалерот и пилотот.