Дел од корисниците од селото Усје утре од 9 до 15 часот ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 14 часот утре без струја ќе останат дел од корисниците од Ново Село, поточно од улицата „100“ од бр. 30 до бр. 60 во општина Ѓорче Петров.

Како што соопшти РЦУК на Град Скопје прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа.

Дел од жителите на општина Аеродром лоцирани на булеварите „Јане Сандански“ бр. 7, 9 и 11, „АСНОМ“ од бр. 4 до бр. 20 и улицата „Васко Карангеловски“ бр. 23, 25 и 27 утре ќе останат без вода поради реконструкција на водоводна мрежа на булеварот „Јане Сандански“ без број, зад „Мајчин дом“. Жителите ќе бидат без вода од 9 часот до завршување на интервенцијата.