Во Македонската опера и балет, утревечер, со почеток во 20 часот, ќе биде промовиран играно-документарниот филм „Ти си Алеф“, чиј автор, сценарист, режисер и продуцент е Соња Ризоска Јовановска, а улогата на Алеф ја толкува Игор Џамбазов.
Наедно ќе бидат изведени музички точки на Абаз Јахја (на Бендир-неј) и Ајдин Јахја (на неј), а најавено е отворање и на изложбите „Тајната на животот е да се падне седум пати и да се стане осмиот пат“ на сликарот Живко Поповски-Цветин, како и изложба на фотографии со наслов „Од пепелта до вистината со Алеф“.