Според најновите полициски информации од Кенија, во денешниот терористички напад врз луксузниот хотел и комплекс има најмалку седум жртви. Нападот го извршија припадници на терористичката група Ел-Шабаб.
Вооружени напаѓачи фрлија бомби врз возила на паркинг од хотелот и потоа упаднаа во хотелот каде еден од нив активираше експлозив што го носел на себе, изјави полициски командант.
Врз основа на изјави на сведоци кои виделе безживотни тела во тој комплекс во кој се повеќе бизнис згради, се претпоставува дека има намјалку седум загинати. Акцијата на безбедносните сили сѐ уште е во тек.