Најстариот познат мрзливец на светот наполни 51 година, целосно сам, баш онака како што тој сака. Тој има свои причини за тоа. Негувателките во зоолошката градина во Крефелд не планираат прослава за мрзливецот. Неколку дена пред роденденот на Јан, зоолошката градина во Крефелд, во Германија, гордо потсети дека овој нивни штитеник беше запишан во Гинисовата книга на рекорди пред неколку месеци како најстар мрзливец во светот. Барем најстариот колку што им е познато на луѓето. Датумот на раѓање на Јан е 30 април 1970 година, иако работите не се целосно јасни.
– Никој не знае точно – изјави портпаролката на зоолошката градина, Петра Швин.
Таа објасни дека Јан е роден во дивината, во шумата, како слободно животно и дека имал околу половина година кога бил донесен во зоолошката градина „Хагенбек“ во Хамбург во декември 1970 година. И иако не е некое живо животно, следниот повеќе од половина век на Јан е многу динамичен. Барем според стандардите на мрзливите. Тој се преселил во Крефелд во 1986 година и оттогаш живее во „дождовната шума“. Луѓето што го познаваат велат дека тој е „крајно срамежлив“. Швин објасни дека неговиот проблем не се само луѓето, туку тој не се чувствува пријатно дури и пред камерата.
За обемот на срамежливоста на Јан сведочи и фактот дека кога отишле да го сликаат за Гинисовата книга на рекорди, им биле потребни неколку недели да ја завршат фотосесијата. Дури, вели портпаролката, тој е најсреќен кога ќе се држи настрана од своите цимери, членови од свој вид. На помалку од две недели пред неговиот роденден, зоолошката во Крефелд објави информација дека тој со години среќно го делел домот со Лулу и со Триен и дека тој станал татко 19 пати откако дошол кај нив пред 35 години.