Фото: Пиксабеј

Научниците четири децении испитуваат на што се должи долговечноста

Италијанското село Лимоне сул Гарда е единствено по многу работи, но и бидејќи неговите жители носат ген, единствено својствен за ова место, којшто го нарекуваат „еликсир“ на здравиот и долг живот.

Се работи за живописно рибарско село на брегот на езерото Гарда во италијанската област Ломбардија – необично место со околу 1.000 жители. А, тоа е и најсеверната точка каде лимоните природно растат. Има прилично блага клима со оглед на тоа што се наоѓа речиси во подножјето на Алпите. Можеби токму оваа комбинација на фактори го овозможува тој таен „еликсир“ за долговечен живот.

Мештаните, велат, јадат секаков вид храна без да се грижат за дебелеење или проблеми со срцето. Овие луѓе го имаат т.н. „ген лимон“, којшто содржи посебен протеин што ги уништува липидите и така, одржува здрав крвотокот.

Веќе 40 години, жителите на Лимон Сул Гарда се под научна опсервација, со невообичаено честото давање крв за тестови.

Чезаре Сиртори, професор по клиничка фармакологија на Универзитетот во Милано, го предводи тимот кој прв го идентификуваше „еликсирот“, стручно наречен – протеин А-1 Милано. Тој вели дека луѓето од селото Лимоне имаат екстремно ниски нивоа на ХДЛ-холестерол што, се чини, е резултат на генетска мутација во протеинскиот носач.

Интересно е и тоа што оваа генетска мутација и здравствени придобивки од сѐ тоа, се единствени за овие селани – и тоа не може да се најде никаде во блиските села, велат научниците.