Лејди Гага најави промени во датумите на концертите на својата многупати одложувана светска турнеја, насловена „Chromatica Ball“, во чии рамки планира да одржи 14 концерти.
Поп-дивата ќе ја почне турнејата на 17 јули, во Диселдорф, Германија, потоа ќе настапи во уште четири европски градови, а во август ќе продолжи со концерти во северноамериканските градови.
Диселдорф е единствениот град во Германија каде што ќе настапи и има предност пред главниот град Берлин и другите поголеми германски градови, како Минхен и Хамбург.
Покрај Диселдорф, нејзината турнеја, која ќе трае до средината на септември, вклучува и настапи во Стокхолм, Париз, Лондон, Торонто, Вашингтон, Бостон, Чикаго, Атланта, Сан Франциско и Лос Анџелес.