Украинската пејачка Руслана не престанува да ги повикува светските моќници да ѝ помогнат на нејзината земја, која веќе втора недела е во војна со Русија. Таа неодамна му се обрати на Елон Маск со видеопорака, во која стои пред украинското знаме.
– Те предизвикувам Елоне, употреби ја својата технологија за Марс тука на Земјата да ги спасиме Украина и целиот свет! Стани наш спасител! – сериозно порача Руслана.
Многумина ја паметат како победничка на „Евровизија 2004“, но денес нејзиниот живот, како и животот на сите Украинци, доживеа целосна промена на полошо.
Пејачката во моментот се наоѓа на Карпатите, каде што волонтерски организира многу активности, меѓу кои и приготвување храна за луѓето. Исто така, пејачката редовно снима видеа, со кои го свртува вниманието на она што се случува во нејзината змеја. Во едно обраќање, таа побара и од Бајден и од НАТО да го заштитат украинското небо.