Српскиот претседател Александар Вучиќ лично му врачи орден на холивудскиот актер Џони Деп за неговиот исклучителен придонес во областа на културата, особено на полето на филмската уметност и промоцијата на Република Србија во светот, пренесува „Дејли мејл“.
Државното признание златен медал за заслуги му беше доделено по повод Денот на државноста.
По примањето на наградата, Деп (58) им се обрати на присутните, се присети на пријателството со Емир Кустурица и длабоко се заблагодари за укажаната чест.
– Почитуван господине претседател, народе на Република Србија, уметници, продуценти, ова е навистина несекојдневен момент за мене и многу се гордеам. Сега сум на почетокот на еден нов живот и ми се допаѓа овој почеток. Би сакал тој почеток да биде Србија, ако ме примате, се разбира – рече актерот.