Секојдневната навика за пиење кафе може да ви помогне да изгубите тежина, особено во отстранувањето на масните наслаги од половината.
Нутриционистката Лаура Бурак ги спомнува придобивките од пиењето кафе доколку сакате да ослабете и истакнува дека кафето не треба да ги замени оброците или ужинките. Бурак наведува дека една шолја црно кафе има околу пет калории, што дополнително го прави идеален пијалак доколку сме на одреден режим на исхрана.
За почеток, кафето може да ви помогне да се чувствувате сито, што значи дека може да ви помогне да избегнете прејадување или нездрави грицки. Исто така ви дава поттик на енергија и го забрзува вашиот метаболизам.
Количеството на кофеин во кафето ќе ви даде енергија и ќе ве мотивира за вежбање, како и за остатокот од денот. Нутриционистката наведува дека, дополнително, неопходно е да се фокусираме на квалитетен сон и дека не треба да претеруваме со внесувањето кафе како изговор за недостиг од енергија.
Таа наведува и дека треба да избегнувате кафе со адитиви како млеко и шеќер, бидејќи тоа ќе го забави вашиот напредок во слабеењето. Дури и млекото од јаткасти плодови, семки и овес звучи како поздрав избор во денешно време, но тоа е преполно со шеќер.